на (предл.) - друм (имн.)

Па задена борба на друм царски, на арслани коњи, коњи бинеџии; на коњите два јунака славна, Бој се бие касно до вечери, сл`нце зајде, црна глава падна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
БОГДАН: Ќу ти кажем ја тебе право у лице, докторе:ти си бугараш (Докторот се штрекнуе). Ја, знаш како, што на ум ,то на друм - отворено.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
АМПО: Арен си беше и тој.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кој на друм, тој кум. Како што е адетот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Без да се дознае што еднаш на друм бил тепан од двајца заптии, несреќникот понекогаш ноќе, додека умните и живите седеле зад замандалени врати, одел по селото и замавнувал со вила кон пците и сенките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Плачеа и лелекаа мајките, излегуваа на друмот, гледаа на кај границата и чекаа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред него на друмот, забрчеа неколку германски камиони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На друмот се креваше прав и чад. - Леле, синко, отидовме! - пиштеше мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Треба што побргу да слеземе на друмот! - заповеда комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од двете страни на друмот митралезите косеа: Кррр! Кррр! Таа-таа! -одекнуваше низ долината.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На друмот се крена прав. Два камиони пламнаа во оган и гореа се крена чад.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На каков начин тој ќе е учен од боговите роднини што му се редум сите да ги навјаса, на друмот благост да му постилаат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)