на (предл.) - дубровчанец (имн.)

И тие им биле наклонети на дубровчаните, и ако овие извлекле од нив некоја корист, тие од нив извлекле уште поголема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не за да го надмине знаењето на дубровчанецот, туку да се измени себеси.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Постојат стотици договори за трговија со медитеранските градови и со балканските владетели,” извика Марин Крусиќ, „а трговските колонии на дубровчаните, како што треба веќе да знаеш ибн Тајко, насекаде низ Балканов се под посебна заштита.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)