на (предл.) - душеме (имн.)

И сега, ако ви се мили животите и кулата од чорбаџи Јована, и овците негови, и јарците, и маазите од чорбаџи Тошета и Данабаша, ќе ни броите овде пет стотини лири и ќе си ја продолжите веселбата. Не броите ли, сете ќе падните на душемето и ќе и го дадиме огнот на кулата, да не се мачат селаните да копаат утре гробови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа како заклано пиле се фрлаше на душемето. Проклет да бидам, одвај со вода и шеќерче ја повратија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред креветот на душемето черга и друга попреку што води кон мијалката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кладе една рогузина на душемето и ја легна мајка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму, згора на душемето, имаше ќепенок и низ ќепенокот можеше да се слезе долу во продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)