на (предл.) - економија (имн.)

Глобалните еколошки задачи можат да се направат единствено по пат на дизајнот во една поширока смисла: преобликување на економијата, меѓународните односи, индивидуалното однесување - според природата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На економиите на многу земји тогаш им беше дозволено да стагнираат, земјата престана да се обработува, инвестиции за обновувавње на опремата не се вложуваа, на големи делови од населението им беше оневозможено да работат, а државната помош ги одржуваше само полуживи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смешно е тоа, Сендии, како понекогаш ми се чиниш нестварна. Фокс еднаш кажа дека ти си ектоплазма, дух кого го привикувале екстремите на економијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Македонија може со ваков потез да реши огромен број од своите проблеми, како во сферата на индивидуалните слободи, космополитизацијата на масите, амортизирањето на пазарот од тешките дроги и криминалитетот, како и разните болести кои одат со нив (Сида, хепатитис, овердоуз, наркоманија) така и во сферите на економијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вешто се ракува со јазикот на економијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Мора да се посочи на големиот углед којшто земјата го има во светот, да речам во меѓународната заедница! - се јави Сашо, неодамна дојден во секретаријатот како завршен студент на економија со просек 9, 27.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Националната држава веќе не е економски систем, самовтемелен и самодоволен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес, економското управување излегува од националната држава поради глобализацијата на економијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Крајот на Студената Војна, глобализацијата на културата и интернационализацијата на економијата и политиката резултираа во отворање на границите и намалување на оние државни контроли кои го „реалистичките“ аргументи, од безбедносна перспектива, види Peter Andreas, “Redrawing the Line: Borders and Security in the Twenty-first Century”, International Security, Vol. 28, No. 2 (Fall 2003): 78–111. 48
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)