на (предл.) - епоха (имн.)

Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека во светот на Андриќ и на Селимовиќ е доминантно настојувањето да се даде, меѓу другото, една можна слика на историјата, на епохите, на конкретниот простор (Андриќ), или под маската на историскиот настан, вечните теми на судир на поединецот, на општеството, на политиката и етиката, парадигматично да се вклучат во современиот контекст (Селимовиќ), Башевски ги поврзува историјата и современото, ставајќи ги двата поима под сомнение како конечно неспознатливи во својата интеракција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изразот национална книжевност денес не значи бог знае што; ѝ се приближуваме на епохата на универзална книжевност и секој треба да се потруди да го забрза доаѓањето на таа епоха“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)