на (предл.) - заклучување (имн.)

Во посложените предмети судот може да го одложи донесувањето на пресудата за осум дена од денот на заклучувањето на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец, односно претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)