на (предл.) - залез (имн.)

Можеше непречено да гледа во дворот, преку ѕидовите во полето, на горите и на залезот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Им благодарам о, Боже, и на тревките и на ветровите и на дождовите и на изгревот и на залезите кои ми беа сведоци за сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На залез на октомвриското сонце на кафе пред бистрото Le petit journale тројца старци готови за историјата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еден жолт зрак од сонцето на залез влезе низ прозорецот и падна преку перницата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
По многу години, некаде на залез, Студен ветер кога надоаѓа од замагледните ѕвезди Си легна тој меѓу своите момчиња Прегрнат неразделно со нив: како куршумот и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Твојот поглед ги прескока деталите на залезот обземен од проретченото време кон кое се стремиш.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сега, точно на залез, јарко блеснува крстот на една камбанарија и една птица само ќе прелета од чардакот и ќе застане на крстот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И кога седна на брегот да почине забележа едниот брег со другиот брег како си подаваат стебла, како ги префрлаат преку себе, испреплетуваат гранки меѓу стеблата; камењето што го фрлаше тој од дното бреговите го поземаа и го ставаа врз стеблата; посипуваа земја врз нив, и некаде на залез, забележа, тој, бреговите сами го направиле мостето спроти воденицата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Превезот на темнината бавно и еднолично се лулееше на нејзината снага и само еднаш или двапати ѝ ги подоткри малите боси стапала по кои како да се беше нафатил румениот прав на залезот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но отворен е патот. Клучарот на залезот во мирна прошетка по водите мина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)