на (предл.) - заплашување (имн.)

Експресно после овој настан, кој во очите на корумпираното раководство беше сфатен како опасен преседан и провокација, почнаа и „очекуваните“ притисоци и проверени методи на заплашување: тие, еден по еден, беа викани во канцелариите на погонските директори кадешто, нај- безобразно и недолично, беа уценувани и заплашувани да прес- танат со синдикалните активности и со „подбуцнувањето“ на останатите вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)