на (предл.) - зајдисонце (имн.)

7.3 Ме крштеваа во бунило Низ суров воздух ме шетаа Ме учеа на живот Со молитва на зајдисонце.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во која Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Арно ама, еден ден, лето по сенокос, ова време вака, на зајдосонце, кога отидов да го земам од каде што го имав врзано да пасе во ливаѓето Бела Војца, не го најдов. Ми го украдоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пликот со двете канадски марки, што го имаше добиено од својот Крсто, сега заедно со војничкото четириаголно парче хартија ги грее во пазуварката - до срцето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На зајдисонце Крстовица не излезе на џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само една ноќ барам молк од вас, о, помлади браќа мои, и да не ја прегрнуваме со многу солзи и воздишки онаа која од трите патишта може да избере два по коишто и натаму ќе чекори жива на зајдисонце.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)