на (предл.) - игранка (имн.)

- Во соколааната на игранка. - во хор ѝ одговорија Роска и Рада. - На игранка! Опааа... - се возбуди Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ма, ајде, дојди! Не мора да влеземе на игранката, туку само да видиме кои нови ќе се појават.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овде се држеше настрана од нивните цркви, од нивните културно-уметнички друштва, од проширените семејства кои на игранки какви што во Југославија веќе одамна немаше дури ни по селата, застанати со пиво под сликите на Гоце Делчев, бараа мажи за своите грди дебели ќерки со по две имиња и паѓаа во делириум на секоја песна што ги потсетуваше на стариот крај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една недела сите се закренаа да одат на игранка, а мене не ми се излегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Молчи, велам, не сме на игранка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали за на кино, дали за на игранка...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сети и на Маре, тогаш најубавата матурантка на генерацијата, како се вљуби во еден млад мустаклија офицер, кој излегуваше на корзото во нова кноевска униформа и го носеше своето друштво на игранки во Офицерскиот дом.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)