на (предл.) - измена (имн.)

Оваа одредба всушност претставува најава на промовирањето на концептот на репрезентативен наместо мнозински синдикат како носител на правата на застапување на работниците, кој беше промовиран со усвојувањето на измените на Законот за работни односи од октомври 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Анализата се однесува на периодот од почетокот на транзицијата до крајот на 2009 година, при што ќе се врши споредба на одредбите на измените и дополнувањата со законот на кој се однесуваат, а онаму каде што дошло до усвојување на нов закон, ќе се споредуваат одредбите на новиот закон со одредбите на претходниот закон што ја покрива истата материја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, исто така, на опишаниов судски спор, му следеше уште еден, во 1998-та – за враќање работник на работа кој, пак, беше споен со него (П.бр. 1572/98).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, кај овој сложен случај на т.н. „активно сопарничарство“ – кадешто има и уште еден тужител (г-ѓа Б.Голибеговска), би напоменале дека претходно, во 1994, меѓу истите странки се водеше друг процес (XXII П.бр. 4651/94) којшто заврши со повлекување на тужбата на расправен записник пред судот – во февруари 1995.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Игор Лозински си беше ставил за задача со својата колекција да го фиксира континуитетот на животот во Езерото, низ доминантните претставници на флората и фауната, подлежна на измени и исчезнувања.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На 20 јануари 2005 година, само три дена по усвојувањето на измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кои значително беа намалени правата на работниците кои по сила на приликите се без работа, тогашниот министер за труд и социјална политика Стевче Јакимовски најде за сходно да изјави дека е потребно „оној што работи да не биде заштитен како мечка во планина туку да тој биде изложен на оценки.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2.  A за влијанието на измените на овој Закон врз правата на работниците види го описот во студијата на Савески, Апасиев, Ковачевски и Василев: Обезвреднување на трудот…; „Ленка“ & RLF; Скопје, 2010; стр. 152-157.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)