на (предл.) - инвалидитет (имн.)

Од останатите промени на ЗПИО што се однесуваат на правата врз основа на инвалидност, ќе спомнеме уште две промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач – правно лице, ако на инвалидите и на повозрасните работници не им обезбеди заштита во согласност овој закон (чл. 264, ст.1, ал.18 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Постапка за утврдување на инвалидност кај осигуреникот се поведува и на предлог на работодавецот кај кого осигуреникот е во работен однос, како и на предлог на лекарот што го лекува или на лекарска комисија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работникот инвалид на трудот со право на професионална рехабилитација, по основ на професионална неспособност за работа – работодавачот е должен да му обезбеди услови за вршење на професионалната рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во согласност со прописите од ПИО (чл. 178, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)