на (предл.) - историчар (имн.)

Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа е, како што самиот изјави на собирот на историчари на уметноста минатата година во Courtauld институтот, слика за „гужвите и архитектурата... огромно богатство, блескавост, предмети, светло... еден вид насликана енциклопедија на човековото движење, на материјалните животни задоволства, каде темата е периферализирана“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симоновиот ракопис е поткопуван од наративот на Агна, на биографијата на Симоновиот предок Никола Поцо, со посредство на историчарот Владе, ѝ се спротивставени наводни историски документи за историјата на селото, а читателот е принуден да го менува мислењето губејќи ја секоја објективна точка на гледање и потпора која може да пружи конечни одговори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту гласот на Агна, кога го открива наличјето на Симоновите искази, ниту директно спротивставениот глас на историчарот Владе, потомок на противничкото семејство на Симоновите предци, како ни гласовите на селаните, не можат да се прогласат за сигурни и релевантни сведоци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)