на (предл.) - исчезнат (имн.)

Само тврдината, завикана Кале уште од отоманско­то време, кога служеше како голема воена касарна, беше симбол на исчезнатите империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од друга страна: озонскиот ѕид е пробиен пролетта без пролет од студ не се чувствува должината на денот оваа 1991 година ни една ноќ без војна и сѐ така: сликите без перспектива од којашто би изгледале стварите нестварно обичниот свет необично без контекст во којшто би прозбориле без светлост со којашто би нѐ магепсале а нема уметност, нели (!) агол на гледање ако нема ако нема прекумерност особеност ако не шушне духот ако не се поместат границите видливото; јазикот нагрден сетилото за говор закржлавено граматиката без усет за ред ој додо додо ле „со цел уривање на системот“ „во името на слободата“ „прашање на стилот“ „во претходниот ден“ „голем број на бегалците на исчезнатите...“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но таа, сепак, продолжуваше да пребарува длабоко во своето сеќавање, по лавиринтите на својата длабока тишина, да ги обликува контурите на исчезнатите, во живата присутност на стеблото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)