на (предл.) - канабе (имн.)

Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ТЕМЈАНА: (Паѓа на канабето) Ох, кутрата јас!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ТЕМЈАНА: Маноиле! (Паѓа на канабето и плаче.) Во тој момент на вратата се појавува Димо, баба Ленка и Вета.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Да се седне на канабето, и да се затворат очите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Заспав на канабето. Спиев ден, два, три, четири.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откако ги испреврте книгите на канабето, се приближи до орманот полн со списоци, тетратки, писма, фотографии, разни уверенија, документи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)