на (предл.) - кандило (имн.)

— Не си гледаш сермиата, пак, си му а оставил на в'ците да а јадат, a јас да а збирам со триста маки — и удри со патарицата на кандилото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онисифор Мечкојад ја стиснал кусата дршка на скршената вила. Воздивнал со превлакнестите ноздри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на кандилото од ѕидот ни со најмал зрак не му го допрела лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлината на кандилото со фитил испрекината, во стилот на воздишката што чезнееше од предолго исчекување, во космичка бездна, умирајќи во темните сенки, на ноќната тишина...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А вечерта ако земам да пишувам на кандило, мајка ќе дојде да ми ја затегне светлината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)