на (предл.) - капак (имн.)

Го зедоа луѓето јажето и го спуштија ковчегот во гробот, фрлија со рацете по трипати земја врз него која притропа на капакот како јадар дожд.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога ветрот ја однесе со себе и долгата зимна ноќ и кога на нејзиното место ја истури виделината на тој немирен пребликнат ден, занесувајќи ги по својата насока тешките капки на капаците во неговата стреа, Змејко веќе немаше што да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И како што си седеле така, некаде околу полноќ било, нешто или некој потропал на капаците на пенџерињата од кај сокакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
4 Од балконот гледав, на капакот на бунарот и околу самиот бунар, имаше паднато по некој жолт лист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)