на (предл.) - карактер (имн.)

Мил имаше и теорија во врска со откривањето на карактерот на човекот преку чекорењето, одењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Голтањето беше успешно и незабележливо, како улога која соодветствува на карактерот на самиот актер.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа влијае на содржината и на карактерот на уметноста барем во онаа мера во која влијае и родот (genger), дури или можеби посебно тогаш кога уметникот се обидува намерно да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бидејќи самата оваа врска претставува некаков однос во реалниот свет разумно е да се претпостави дека постои некаков начин за изразување на карактерот и својствата на врската со помош на граматичките правила на јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сепак, Врапче е нешто друго. Другарите се принудени да вршат две активности, кај Врапче е тоа вообичаено. Како придавка на карактерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зошто толку одлагав, зошто покажав таква нерешителност на карактерот и не ги барав порано тие чевли, на кои имав полно право?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)