на (предл.) - клин (имн.)

„Сигурен ли си?“ „Што тоа?“ „Дека еден и еден се четири?“ Мирон призна - не, не беше сигурен; затоа Отец Симеон ја изгасна цигарата во празната чаша и воздивна: „Немој да згрешиш место ракавиците самиот да виснеш на клин.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На клинот каде што висеше ламбата, сега се занишка фенерот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Подавам рака кон пилата што виси на клин над повеќеглав кактус.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)