на (предл.) - кодош (имн.)

Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие што физички ќе преживееја, завршуваа со осакатена душа. И тоа најмногу поради вината на кодошите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На Голи Оток, како во пеколот на Данте, најмачен беше последниот круг, кругот на кодошите, низ кој беше осуден да мине...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но не само на Белогардејците. Кафеаната беше собиралиште и на кодошите, на агентите, на уличарите, така да се рече на сиот џган. И не само на оној, градскиот џган.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)