на (предл.) - крава (имн.)

Се смрачуваше и до мене допираше звукот на ѕвонците на кравите што ги враќаа од пасење и гласот на баба ми - Белке, сивке ајде, ајде…
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Одушевена сум од рајчанината ава, кога наутро тивко ќе изгрее големото сонце проследено со кукурикањето, блеењето на овците, рикот на кравите...па ги открива раздвижените селани, ранобудници.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше периодот кога тој ги почна своите истражувања за “Невестата и додворувачите” - тема што ќе го преокупира следните 15, 16 години. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 107
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна, кога во едно интервју Дишан го коментираше ова патување објаснува дека патувал во главниот град на Баварија во посета на еден сликар на крави кого го запознал пред неколку години во Париз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Компирот им го дадов на кравите. Проникна. А нов уште не сум вадел. Оди, донеси што ќе донесеш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Има и потешки периоди кога прави опинци за овчарчина, каљачи за носење на кравите на пасење или чизми за ниви орање...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зарем не е чудесна вашата споредба за жртвуваните кози на Балканот во времето на тоталитаризмот со денешното жртвување на кравите во Европа, во која демократијата го совлада советскиот тоталитаризам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас им намачкав и на кравата и на телето...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На одење ѝ го затнувам ѕвонецот на кравата. Со шума, со трева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)