на (предл.) - крстопат (имн.)

Ништо не можеше да се направи, уште само за последен пат да ја погледнам на крстопатот од ходници, да видам како се оддалечува, како се симнува низ скалите. 60
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На крстопатот за Серез се свртува во друг правец за Кавала, а токму оттука почнуваат и најострите и најнепрегледните свиоци на оваа магистрала, каде што возењето претставува вистински ризик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И Луан Старова, на крстопатите помеѓу историското и фикцијата, го освои Париз со козите, со својата посебна уметност...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- На крстопатот, на излезот од шумата, ќе го дочека куциот самовил, истиот оној волчји цар чие завивање го одбележи неговото раѓање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На крстотпат патоказ ми беше, по патот трнлив...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Не, не! Не ми го врти грбот и не гасни ја последната светилка... Ќе стојам на крстопатот додека не минеш ти...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборови знаци пред нас, еден преку друг се докажуваат. лица засолнати во времето демнат, тишината чека, чека на крстопатот од мечти, стои за да биде замолкната.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)