на (предл.) - лага (имн.)

6.  Парничната постапка, меѓудругото, се прекинува и ко­ га: – странката која е правно лице ќе престане да постои, односно кога надлежниот орган правосилно ќе одлучи за забрана на работата; – ќе настапат правните последици од отворање на стечајна постапка; – тоа е определено со друг закон (чл. 200, ст.1, ал.4-5 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку, по правосилноста на одлуката за престанок на правното лице, забраната за работа или по заклучувањето на стечајната постапка истото е бришано од соодветниот регистар, а нема правен следбеник [кој би ги презел и би одговарал за долго- вите] – судот, со решение, ќе ја отфрли тужбата заради непостоење 261 на странка во спорот (чл. 203, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прикривањето на вистината е всушност наведување на лага!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На некои работи луѓето не можат да се навикнат, но на крајот се е за луѓето, болката, тагата, грижата, разочарувањето и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На ова прашање, на Рада не ѝ преостануваше ништо друго , туку на лага да калеми лаги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборувам за митското, племенско размислување, за дивјаштвото, примитивизмот, за неписменоста, за криминалниот менталитет, за кражбите, за лагите, за легализација на лагите, за културата на лажењето, за самоволието, за новокомпонираниот рурален менталитет којшто плаче додека убива и убива додека плаче...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На лагата ѝ се кратки нозете.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А сакам да се уверам дали моето лице го фаќам, дали мојата слика ја пофаќам. И сѐ така, како на лага да се гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и нашата смрт, на лага, ни ја изнудија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веројатно е упатен дека и знаците на лагата најчесто бараат скришни места на лицето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Време е да ги откријам знаците на лагата кај момчево“, можеби си мисли токму сега и навистина очекувам да се сврти за да ја реализира својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш и имам речено на мајка ми кој знае колку ќе бевме несреќни нашите мисли ако ни се испишуваа и на лицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)