И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Врви мравјата работа околу нив. Лозјето се спушта благо надолу, и ако гледа подолго човек по вршките на лозите, што преминуваат натаму во другите лозја, му се чини како едно зелено мирно заталасано море да го дели од полето и од градот.
               
             
           
            
            
              „Послание“
               од Блаже Конески 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта  по славејот што клука под стреата  по шумот на водите по ластарот на лозите  зашто уште копнежот клука и времето ме јаде  да слезам да истрчам да избегам во просторот  во просторот зрачен потопол од сето време.
               
             
           
            
            
              „Липа“
               од Матеја Матевски 
              (1980)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Му даде име Скрче, и му ја одбра најдобрата ѕвезда и му претскажа добра судбина: здрав, умен и продолжувач на лозата од татка си. Под таа ѕвезда и растеше Скрче.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А растеше тоа Дуде, самонаречено Горде, како напрчен ластар што се двои од другите, а сепак останува на лозата.
               
             
           
            
            
              „Синовски татковци“
               од Димитар Солев 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А ангелите по ластарите на лозата седат  со побожно внимание  работата на копаничарот ја следат.
               
             
           
            
            
              „Посегање по чудесното“
               од Србо Ивановски 
              (2008)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
               
             
           
            
            
              „Жената на белогардеецот“
               од Србо Ивановски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
               
             
           
            
            
              „Жената на белогардеецот“
               од Србо Ивановски 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ги сослушаа и пријателите и роднините на Андро и дознаа дека Андро многу жалал и пекал што немале деца, што немале пород, наследник, продолжувач на лозата.
               
             
           
            
            
              „Јанsа“
               од Јован  Стрезовски 
              (1986)