на (предл.) - манифестација (имн.)

Целта на манифестацијата била да се соочат општествениот контекст на бившиот Советски Сојуз и бивша Југославија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По отворањето на манифестацијата, со пригодна етно-музика, претседателот ја отвори манифестацијата зборувајќи за реномето и нејзиниот историјат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)