на (предл.) - месечина (имн.)

Ја погледа на месечината и ѝ проговори: — Ајде, море златна, со тебе сега век ќе векуам. Биди послушна како Стојна досега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како и ТВ-то, и тој реши да остане овде (иако неговото гледиште е пошироко: ТВ-то ќе владее 50 години и ......ќе исчезне......).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што доаѓа потоа? 1970 година свирење на месечева соната на месечината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Технологија, оптичка уметност, музика, физика, филозофија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старец го крши надве лебот Во лебот црвен коњ како црвена луња Кога светка на месечината.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А некаде, на еден-два часа пред зората, куклата ѝ се помоли на Месечината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Идната ноќ ќе ги стави и куклата и мечето кај себе, и можеби тогаш кога ќе заспие, куклата пак шепнешкум ќе ѝ раскажува за чудното полноќно патување, и за златната лулка сплетена од зраците на Месечината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Постоеше верување, некаде до крајот на последната Голема војна, оттаму и името на кладенецот, дека таму, на Самовилец, живеат самовили и дека ноќе, на месечина, горе на Плоштината, играат ора со овчарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Донесуваа рогузини од `рженица, ложнци, ракија, млад кромид, лук, пиперки и прстени погачи: на месечина, на огништа од суви лепешки и суварки редовниците приготвуваа за вечера свири пиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледаа само како на месечината косата на оној му станува пак црвена и кога ќе се заборавеа во таа загледаност на сите ним им се чинеше дека тоа пак црвениот лав продолжува со своето добродушно палавење, станат од тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во нејзините очи набликнуваше влага и таму се ломеше малаксаниот сјај на месечината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Моите три... еднакво на мир Наутро отворам очи покрај моето сонценце, на пладне ме грее насмевката на ангелот мој, навечер ме заспива смеата на месечината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Си сечат и ножот, меѓу кандилата, само светка ко мразурец на месечина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако може да му закуша на месечина, под воденичен цивун, на вренгија. Кај што се дели водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По ударот со кундак во куќата на немата девојка, Лозан Перуника се чувствувал грд и штрбав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Непознатото битие во безобличност каква што е возможна во ноќите со издолжени сенки дури и на најмали грмушки, сенки што напоредно се протегаат од секое нешто како црни ребра на земјата, се веднело над заспаните, им се загледувало в лице, се исправало и пак продолжувало да бара под косо плеснатата поплава на месечината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Срцето во градите му затупотело од нова возбуда. Внимателно се подисправил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не почувствува како и кога се распрсна во ситни раски светлината на месечината во собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето, за кого провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога на заповед на најстариот офицер, по дедо или по татко дебарски потурченик, неколку војници се стрчнале да го фатат коњот за узди, сите виделепод три јужни светкавици како кон нив трча кусоног човек со сплескано лице слично на погача, уште повеќе на месечина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта е црн бик и има чапунки и седум рогови. од нејзините ноздри капе матно сребро на месечината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оздола удираа оние бранови на езерото кои се јавуваа во ноќта, шлапкаа долу под куќата и јас на месечината можев да ја распознаам онаа нивна бела пена што брзо исчезнуваше под следниот бран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На Месечината веќе сме биле. Знаеме што има таму.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имаше еден дел во којшто симулираа летови на Месечината.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Поседаа на чардакот гледајќи во блескавото езеро што се прелеваше на месечината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само Уличката ја видел благодарејќи ѝ на месечината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сиот свет беше заспан под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кракатау: Ах, да, пардон. Читајте го господинот По, Трифолио, Пат на месечината, таму имате цела рецептура за празнење...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се сеќавам и на месечината и водата, за нивниот прилив и одлив во нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се врати на претходното место од каде имаше најдобар видик на оснежената околина облеана со бледо-синкавата светлина на месечината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изгоревите и полуурнати куќи при влезот од селото, во бледата светлина на месечината, кај него предизвикаа страв и ужас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зад парталавиот облак се шмугна бледото лице на месечината и го снема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така и ние децата. Се собравме цела сурија и јуревме на месечината крај луѓето и низ луѓето нагоре и надолу сѐ до пред црковната порта.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дена ми помагаше во тоа одлагање, сета восхитено од роевите светулки низ воздухот, од роевите ѕвезди на небото, од отсјајот на месечината во потокот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ох, сето тоа беше навистина волшебно убаво и по малку таинствено и застрашувачко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но слеј се, слеј се со тишината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)