на (предл.) - минаре (имн.)

Кога ќе се најдеше под сенката на Сината џамија, мигум погледот му го обземаше летот на птицата која леташе кон врвот на минарето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ѕидарите, Хусеин и Абдула, дојдоа еден ден на чифликот за да прашаат за висината на минарето и така да ја прекратат караницата, и тогаш сите, по навик, првин погледаа во Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во тоа време скришно се пренесуваше контрабанден тутун, кој селаните го викаа “качак“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бидејќи беше пладне, оџите на минарињата викаа и ги канеа верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)