на (предл.) - минување (имн.)

- Идиот! - викна некој таму од сета сила. Чаши стрескотија, се чу како падна столица, отфрлена на минување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во мигот стануваше свесен, ако овој ракопис еден ден излезе на светлината на денот, посебно место треба да им биде посветено на обичаите и традицијата, посебно исхраната, на Турците, кои носејќи ги шаманските корени со Кинезите, Индијците и Персијците, во XI век ќе се најдат пред вратите на Мала Азија, колепка и простор на минување на повеќе цивилизации, какви што биле Хитите, Лувитите, Хуритите и Скитите, за потоа да ги примат и влијанијата на западната цивилизација во којашто влегувале и Феникијците, Римјаните, Византијците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во сите овие скитии ќе се одржува културата на исхраната, со своите константи и метаморфози...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Миговите на минувањето крај кучето на мачката ѝ се сторија вечност.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Спротивно, да се стекне искуството на вистината е некоја форма на минување надолж и напречно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Често построени во дипломатскиот кор при средба на државници, со двете добри уши ја доловувавме реченицата која на минување ќе ни ја кажеше големиот државник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ружо црн бакнеж на ветрот што првата тага ја чува во каменот на пладнето (а мовта е сета од белези на минувањето) Ружо, око на огнот слепа е ноќта до твоите колена а коренот во слутење на пепелта има крв што румено умира.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Свратил, како што рече, онака, случајно, на минување при враќањето од средбата со некој нивен Сергеј, образован и умен кој специјално и со задача пристигнал од Скопје.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На минување го забележа Мартина како на сон нешто се смешка толку мило чиниш сѐ во животот е убаво како песна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во ритамот на некои народни ора се крие ритамот на минувањата на границата, со бавни, тешки чекори, а друг­пат, низ полифониската песна, гласовите трагаат по излез и по хармонија во лавиринтот на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не сакаше, сега, на минување на границата, да останува уште на старата стапица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го фати ветерот што беше на минување, го заплетка во своите гранки со ретки лисја и се обиде да зашуми некоја дамна заборавена песна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)