на (предл.) - митрополија (имн.)

Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И дури Бино сакаше да си ги подели со протата и другите даскали, некои сакаа да се прошири пансионот, некои да се вратат на митрополијата. Не се сложија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население.  Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истиот ден од пристигнувањето на Хрисостом, во зградата на митрополијата владиката го посетија мајорот Лит, шефот на безбедноста Беренц, префектот Кесар Марѕокис што ја претставуваше цивилната власт на островот, градоначалникот на Закинтос Лука Карер и други видни граѓани на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)