на (предл.) - молба (имн.)

Потоа е лесно да смислуваш приказни: божем биле сами двајцата; божем налетале на црвена патрола; божем ги изненадил некој очајник, кој подоцна се смилостивил на молбите на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа се заглавивме во процедурални објаснувања: одолговлекување на молбите за финансирање фестивалска компетиција и нивното префрлање од едно до друго министерство, кое се грижеше младите уметници да не се навикнат на пари, па како превентивна мерка - не им ги даваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На молба на нејзиниот братучед Круме Волнаровски, директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов ѝ овозможи предавањата (два пати неделно, попладне) да ги изведува во компјутеризираната училница наменета за воспитни дејствија врз жените со привремен престој во домот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)