на (предл.) - молчење (имн.)

На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
— Сакам да се навикнам на молчење, вели, по смртта ќе немаме друга работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И белото топче, кога ќе го плеснеш по газ, лета кон целта на крилјата на молчењето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Време на молчење на камбаните. Време без вера во Бога. Каде застана времето?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)