на (предл.) - мртвило (имн.)

Тоа што бил напуштен од оние кои го зачнале го болело повеќе од смртта на оние кои го одгледале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потрагата по родителите за него била како движење по ходник на чиј лев ѕид го гледал насликано своето минато кое веќе било мртво, од десниот ѕид безуспешно се обидувал да го оттргне превезот зад кој се криеле оние кои го отфрлиле по раѓањето, а некаде далеку, таму каде што завршувал ходникот, се простирала празнината на иднината, која се надоврзувала на мртвилото и отфрлувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)