на (предл.) - мугра (имн.)

Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Дваесет години изневерени мечти, гладни дни и копнежи, копнежи по светлата, мирис на мугра... Сѐ заедно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се оддели, ја одбра западната шума, сѐ уште во полутемница, само допрена од бледите прсти на муграта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Езерото веќе ги ниша соништата на светот. Вечерницата пак нив ги води по знајни и незнајни места во пресрет на муграта моја што постојано ја создаваме човекот ноќта и јас.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Моето будење го пречекаа четири ококорени очи. Лицемерно насмевнати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе ме врати на кораб со едра исткаени од светлота на муграта, за која поетите наоѓале низ векови вистински зборови, а еден од нив ја нарекол и колепка на денот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во сонот успаното Езеро е со лице на дете! но штом пред волшепствата на муграта насмевот ќе му се назбере се престорува старец: дедо или прадедо на вечно младите води. …
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Воопшто не личи на мугра. Небото црнее, се валка, а не дени.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЛАДИЧОТ: Дури сега почна да белее и да личи на мугра.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)