на (предл.) - мустаќ (имн.)

За Мона Лиза често се мислело дека претставува некој младич, и до додавањето на мустаќи и брадичка на нејзината репродукција, Duchamp ја нагласил андрогиноста на моделот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгорената смола на мустаќите им ги покриваше усните. Говореа за себе или за некој друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега зад колата беа две глави на кол. Со љубопитност гледаа една во друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бабицата ги отвори полните усни и покажа голем златен заб под темниот полумесец на мустаќите. Личеше на Козак од филм.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа целото се изгубуваше во длабоката дира, но чекореше пргаво, а од лицето му се гледаа само двете сиџимки од вршковите на мустаќите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама се сеќавам на неговиот мил и топол поглед. Длабочината на очите. И на мустаќите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)