на (предл.) - навреда (имн.)

Тој беше отсутен пак и туѓ и неосетлив на навредите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Тука е - ни рече човекот кого, ризикувајќи да не облее излив на навреди и пцости, го замоливме да не одведе до местото каде се наоѓа масовната гробница во која почиваат според едни 704, според други 1000 борци на ДАГ. – Тука е – покажа со натажено лице и со очите сподавени во солзи. Не прозбори повеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)