на (предл.) - надмоќ (имн.)

Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста. ‌Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Светот почива врз начелото на надмоќ Месалина била попустлива кога го прогонила Lucius Annaeus Seneca на Сардинија...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа е гласот на омразата кон средносталешкиот домаќинлак, кон женствената улога што се одликува со трудољубивост, одговорност, самопрегорна посветеност на семејството, па, наместо тоа, се решава за раскош, уживање, богатство, елегантност и ослободеност од задолжителните општествени стеги – онаа слобода што може да се купи само со пари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)