на (предл.) - надреализам (имн.)

Првиот човек на надреализмот, Андре Бретон, вели: Пред нас имаме една механичка, цинична интрерпретација на феноменот љубов: преодот на девицата во жена како тема за спекулација без чувства, како барање на суштината на некоја друга планета... Ниедно уметничко дело досега не ми се чинело толку рамномерно рационално и ирационално.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Криптичниот наслов зборува за комплексната структура за Големото стакло: „Дури и невестата се разголува пред очите на неженетите.“ Идејата за тоа ја добива патувајќи кон Минхен. Оттогаш почнува да работи на програма каде „човечкиот калап“, „окуларните орудија“, „чоколадните трошки“ или „женскиот натрапник“ играат улога на симбол во скиците, текстовите и сликите. Во 1915 г. започнува со сопствениот вовед за „Големото стакло”. 1923 г. ја губи волјата и на крајот се откажува.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)