на (предл.) - наркоманија (имн.)

Меѓутоа, земјите кои паралелно се залагале за регулатива и за спречување на причините, а не за легализација, постигнале многу повеќе успех од Соединетите Држави во спречување на наркоманијата (и криминалот), така што Америка, според мене, би тре­бало од ваквите искуства да извлече поука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врз основа на тоа, се преувеличува придонесот на криминализацијата во големината на проблемот на наркоманијата, а со самото тоа и позитивното влијание на легализацијата. 73
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од слични причини побарувачката на јаки дроги не е доволно голема за да привлекува голем број на трговци со дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според едно истражување кое меѓу црнците го спроведоа Колин Мекорд (Colin McCord), професор по медицина на Универзитетот “Џонс Хопкинс” и Хауард Фриман - (Howard Freeman) од калифорнискиот универзитет во Лос Анѓелес, објавено во часопиот “The New England Journal of Medicine” 1990. година, смртноста како последица на наркоманијата била 283 пати поголема отколку меѓу белците, и тоа во периодот од 1979. до 1981. година - пред брзото ширење на крекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Наспроти легализацијата, ваквиот пристап кон проблемот на наркоманијата би можел да се здобие со силна поддршка во јавноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уверувањата на Бендоу во врска со можноста за зголемување на наркоманијата меѓу малолетниците се исто така неубедливи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до Соединетите Држави, таа стратегија нужно би барала во блиска иднина да се вложат значителни средства во кривичното гонење. Таа меѓутоа, би можела да се распореди порационално така што поголемиот дел би се насочил кон локална примена на законот, за одделни градски населби да можат да одолеат на поплавата од трговци, наместо поскапата алтернатива како што е апсење на корисниците; со тоа што на користењето на јаките дроги би се реагирало повеќе вон системот на кривичниот закон; и со тоа што сегашните вчудоневидувачки и контрапродуктивни казни за кривични дела во врска со дрогата би се намалиле на ниво на казнување што се применува во попрогресивните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поуката која од ова можеме да ја извлечеме е дека за политиката за спречување на наркоманијата може да се размислува и на поинаков начин, поконструктивно, така што би се спроведувала паралелно со борбата против причините за наркоманија. Расправата за легализација е погрешна бидејќи го одвраќа вниманието од ваквиот пристап.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но дали барем се согласува дека во светот постои проблемот на наркоманијата?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)