на (предл.) - наугорниште (имн.)

Колку да беше тивко времето, колку сонцето силно да печеше, овдека, во Суши Кутол, жегата не можеше да ги испоти патниците од брзото одење на наугорништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Убеден дека Андон не се враќа назад, го дупна коњот со мамузите, го стигна првиот и му се придружи на песната, која овој беше ја почнал уште од кладенецот на наугорништето, гледајќи назад во далечните мариовски планини: „Даглар, даглар, виран даглар Јузум ѓулер карбим алар. Пеште мали сред'м таша Јаз'ланлар ѓелер баша.“ *
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)