на (предл.) - невиност (имн.)

Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја мразеше затоа што беше млада и згодна и несексуална, затоа што тој сакаше да појде со неа в постела а никогаш нема да го стори тоа, затоа што околу нејзината слатка тенка половина, која како да те повикува да ја опфатиш со рака, се наоѓаше само оној одвратен црвен појас, тој агресивен симбол на невиност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очај за убиството на невиноста, таа осамена жртва на гревот која умира во болната фантазија на умот”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Бели се облаците кои го следат патот на мојата судбина, бели се копнежите, бела е бојата на невиноста, бела е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во проекцијата на тоа лудило, во часот на агонија насликав аморфна, безобличена слика на убиец.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сино е небото а на него напишано моето и твоето име, сини се твоите очи, сјајни и топли, скриени зад завесата на очајот, сини се твоите погледи, вљубени во очите на љубовта, сина е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Закатанчено и заковано во морски јазли јазлосано со појас на невиност опашано ниту да мрдне, ниту да писне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сјај на невиност кој откри дека такви жени попуштаат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Амандманот XXXIX предвидува надлежност на Уставниот суд да решава по уставна тужба поднесена од физичко или од правно лице, изјавена против поединечен акт или дејствие на државен орган, единица на локалната самоуправа или носител на јавни овластувања со кои му се повредуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот, и тоа: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското убедување, имотната и општествена положба, правото на живот, забраната за мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни правни лекови за нивна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Каква будалаштина, да не веруваш во Јас. Наивност на невиноста. Спас од неизлезот бараш.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа го минавме она растојание кое на невиноста ѝ се чини неизмерливо - растојанието помеѓу размислувањето за сексуалниот чин и вистинското соединувањето на две тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога неговите очи ќе се загледаа во моите, и моите во неговите, неговиот поглед не паѓаше надолу, по мојот врат, по моите гради, кон моето меѓуножје, ниту пак мојот поглед паѓаше по неговиот врат, по неговите гради и подолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите погледи срамежливо ја испитуваа голотијата, и си ги баравме очите – јас неговите, тој моите - и потоа погледите ни паѓаа на подот, од срам, од збунетост, од страв; сѐ беше првпат, погледот на голото тело, оние неколку чекори до постелата направени со таква несигурност како тукушто да сме научиле да одиме, приближувањето на нашите тела, нивното испреплетување, и дишењето кое беше силно како по раѓањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога со допирот и слухот, со вкусот, со мирисот и со погледот, може да се насети она што е отаде појавното; кога ни се чини дека дури и низ предметите тече крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И мислеше – кога ќе откријат во насмевот негов знак на невиност дал’ повторно ќе го убијат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)