на (предл.) - недела (имн.)

На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На вода — од вода, борина нацепи, ако можеш, јас кога не суам тука, синиата клај, нешчо ако сака невестата, Митра да и поможиш, да зготвиш, подмеси, ако умеиш, и така — тие ситните домашни работи, а за другите — Митра, јас Трајко, тука сме. Не можеме, братко, веднаш да те запрегниме на недела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра ќе си ја гледа редовната работа за овие дватри дена дури Доста да стане, па потоа пак ќе си продолжат на недела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ги вратат чесно и поштено и со некој динар и друг интерес на недела ли, на месец ли, како ќе најдат мунасип бацковците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Новата песна што требаше да биде лајтмотив на Неделата на омразата (се викаше „Песна на омразата“) веќе беше компонирана и бесконечно се емитуваше преку телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму тие посетуваа училиште и беа воспитувани на ред и дисциплина, иако ми се чинеше дека сите фрустрации што им се насобрале во текот на неделата негативно влиаеа врз нив, па кога доаѓаа дома беа многу агресивни и импусивни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На неделата еднаш, ако не повеќе, одеа до Коленово кај тетка Фора.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога по некој месец доби слободен ден во текот на неделата и предојде кај Аниса, ја затекна со друг човек со кој седеше на истиот кауч како што седеше со него и пиеја кафе и пијалак како што и со него пиеја и беше облечена во проѕирна наметка како што и нему му се облекуваше за да ѝ се гледаат облините на телото и го допираше со голите колена како што го допираше порано и него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Хоризонталното поклонување пред господинот телевизор и дремката, убавата и мирна дремка, се работи поради кои понекогаш успевам да го преживеам умирањето на неделата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)