на (предл.) - нежност (имн.)

Веспа на некој начин ги користи двете „поетики“: кај неа има и тоа: налудничавост и некаква си автореференцијална субверзивност, но, од друга страна, во нејзиниот расказ постои и фино одмерена доза на нежност и, дури, на она што делумно помодно се нарекува „женско писмо“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Срната понизно, без страв, ја наведна главата, предавајќи им се на нежностите од момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На нашиот плач Пено на нежноста Пено на проклетствата Пено на мојот пат На мојот пат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)