на (предл.) - некој (имн.)

Сипаничаво лице, од кое гледаа две ситни очи, чиниш полеани со зејтин, му беше ветено на некој светец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Е, некогаш ќе се случи: на некој да му избега ногата кај тебе, ама јас ќе свикам, еј, кој си и кај одиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мнозина, тогаш, паднаа од дрвјата, мнозина си шинаа рака, нога, прст. На некој само им се истисна душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој до грло е во него, неговиот повик е повик напомош на загрозениот, егзалтиран гест на некој кој во очајание се брани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На некои им ги отвораат раните, им ги вадат парчињата железо и пак ги зашиваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На некои им сечат раце, нозе. Со пили, небаре бичкиџии.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)