на (предл.) - неправда (имн.)

Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако е само обичен на неправдата, во оваа пуста краина, сводник.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, најбитниот аспект што може да го согледаме во овој случај е позитивниот пример за решеноста и одлучноста на работниците како Ѓорѓиевски, кој и покрај сите објективни и субјективни пречки, сепак се одважи да се спротивстави на неправдите кои катадневно ги трпеше на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)