на (предл.) - несакање (имн.)

И на несакање ти се помрднува грлото, душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На несакање, велам, штурциве ме заглушија, а небоно е втурено со ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)