на (предл.) - неуспех (имн.)

Надежта дека напредувањето на нацистичка Германија ќе биде сопрено на Балканот завршило со тотално фијаско и за САД и за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби тоа било онака како што се случува завидливите да се тешат со својата морална чистота, иако, од кажувањата на Методија, можев да сфатам дека Симон не бил обземен од чувство на неуспех.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овие вредности изложени во дела со инженерско-конструкционистичка поставеност, пак, се покажуваат како апсолутно бескорисни за епохата во која се предлагаат и, како такви,тие се осудени на неуспех.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Обидот да се формира балкански фронт од страна на Бугарија, Југославија, Грција и Турција во април 1941 година веќе бил осуден на неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Секој обид во еволуцијата да се најде нешто што е максимирано наидувал на неуспех“, согледува Кауфман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)