на (предл.) - носител (имн.)

За разлика од европското право, каде што постоеле разграничувања на носителите на правото судијата, адвокатот, кадијата бил носител на правниот систем во Османската Империја, како и во голем дел на Балканот, каде што кај сите народи била честа изреката: Кадијата те тужи, кадијата те суди!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Рамномерното чукање на срцето на товарот кон мозокот на носителот не испраќаше никаков импулс кој обично требаше да го има.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секојдневните борби и ослободувањето на градовите во Македонија биле топ-тема во дневните весници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа бил оној момент кога настанал целосен пресврт во однос на носителите на борбените акции во Македонија, каде што започнале операциите за нејзино конечно ослободување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)