на (предл.) - обезбедување (имн.)

По барање на работникот не го објавуваме името на тужената Агенција за обезбедување. 2.  Оваа дејност од јавен интерес кај нас е регулирана со ЗОЛИ (1999).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Александар му ја подаде банкнотата со ликот на генерал Стојан на обезбедувањето на вратата на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Работи на обезбедување на лица и имот можат да вршат лица кои имаат лиценца за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицата кои присуствуваат на расправата не смеат да носат оружје или опасно орудие, а ова не се однесува на припадниците на судската полиција и на обезбедувањето на лицата кои учествуваат во постапката (чл. 292, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обезбедување на лица и имот, под условите утврдени со овој закон и во согласност со ЗТД, вршат правни лица регистрирани за вршење на таа дејност во вид на давање на услуги и/или правни лица кои обезбедувањето на лица и имот го вршат за сопствени потреби (чл. 3, ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)