на (предл.) - одаја (имн.)

И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Но ние“, продолжуваше Филозофот, „од левата страна на одајата бевме, и читателот лев на словото бевме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неговото умирање почнува од разранетите прсти беспомошни да го скинат синџирот на вратата или да го откопчаат катинарот: За него, слаб и начнат од пците на својот страв или на треската со многу жили во неговите жили, тајната на одајата е недостаслива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Духот на таа вера просто блика од делото на Ренџов, ги буди спомените за детството, ги оживува приказните за нечестивите кои само ќе ја зголемат силата на Божјото име, ги подотвора пердињата на одаите во кои течеше еден живот налик на вечност, влегува во црквите и манастирските ќелии, и талка по далечините изгазени од нозете на аџиите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)