на (предл.) - октомври (имн.)

Како нејзин договорен застапник се јавува правник од ССМ (Д.Михајловска) – која е овластена како нејзин полномошник во парницата, за што таа и е крајно благодарна.2 Самиот судски спор не траеше воопшто долго и, дури и невообичаено за нашата судска практика, сѐ се заврши само на едно рочиште за главна расправа кое се одржа кон крајот на октомври 244 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Очекувано, газдата – кога дозна дека е тужен – реагираше доста нервозно и прилично бунтовно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А работниците, пак, беа во доста лоша финансиска состојба, бидејќи, како што споменавме, веќе две години работеа за без пари!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Времето брзо поминуваше. Свадбата се закажа на средината на октомври.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Целиот септември, најубавите денови, и еве сега почетокот на октомври, минуваат во знакот на тоа неспокојство, на тој немир, и во отсуство на било какво седнување зад машината за пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, уште во текот на октомври 1943 година била воспоставена и радиоврска меѓу ГШ на НОВ и ПО на Македонија со Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, што имало големо значење за меѓусебното и благовремено информирање за оружените судири што се изведувале на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, воспоставената врска овозможила ВШ на НОВ и ПО на Југославија да испраќа информации за настаните во Македонија до радиостаницата „Слободна Југославија“, а тоа било можност јавноста во сојузничките и неутралните земји да се запознае и со настаните во Македонија во текот на1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, свое место на страниците на печатот нашла и информацијата која се однесува на борбите за Дебар од крајот на октомври до 3 ноември, кога бил одбиен нападот на балистите и Германците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше почеток на октомври, утрото студеникаво, некаков проѕирен сињак ми се нафаќаше по брадата и мустаќите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)